Фудбалерот на англиската репрезентација Хари Мегваер направи голем скандал за време на летниот годишен одмор во Миконос, Грција.
Имено, пред два дена се случи тепачка пред ресторан кога Мегваер и неговите пријатели влегоа во тепачка со група англиски туристи. Мегваер дури ги навредувал и нападнал полицајците па ноќта ја мина во затвор.
Но, по сослушувањето, тој беше ослободен вчера, но јасно е дека ќе биде казнет за недолично однесување.
Исто така, се појави сметката од ресторанот каде Магуаир и неговите пријатели биле. Еден од келнерите откри дека тие биле таму скоро пет часа и дека потрошиле неверојатни 63.000 фунти.
Сметката била платена од играчот на Манчестер Јунајтед, кој исто така им остави бакжиш на келнерите. Но, сите беа шокирани како Мегваер и пријателите успеаја да направат бројката до неверојатни 63.000 фунти.
Сметката вклучувала: Дом Перињон Брут 2002 година – 18,000 фунти, шише шампањ Арманд де Брињак – 17,000 фунти, 750 фунти за три шишиња Џек Даниелс, јастог – 1.200 фунти …