вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Мегваер: Секоја вест за мене носи кликови,па затоа пишуваат за мене

Мегваер: Секоја вест за мене носи кликови,па затоа пишуваат за мене

Хари Мегваер се пресели на клупата за резерви на натперварите во Премиер лигата откако Манчестер Јунајтед почна да победува без него, но и покрај слабата минутажа беше стартер на мечот кој го одигра англиската ререпзетнација. Мегваер и натаму е незаменлив во ростерот на Герет Саутгејт, но по поразот од Италија од 1:0, критичарите одново доста му се нафрлија на стоперот, иако не беа поштедени и други играчи од првиот тим, но и селекторот на „трите лава“.

Англија испадна во понизок ранг во Лигата на нации по вчерашниот пораз од Италија и влезе во лоша серија на резултати, бидејќи тимот на Саутгејт не знае за победа цели пет меча.

Најжестоките фанови бараат и отказ за селекторот пред почетокот на Светското првенство, но добар дел од нив инсистираат Мегваер да биде исфрлен од стартната постава, исто како што тоа го направи Тен Хаг во Јунајтед.

– Не читам и не размислувам за тоа што го пишуваат луиѓето за мене. Ако можат да направат приказна за мене, тоа ќе биде голема вест. Јас сум капитен на Манчестер Јунајтед и прават вести за мене за кликови. Јас сум капитен на Јунајтеди секоја вест за мене е голема. Јас се чувствувам добро, фит сум и имав добра пресезона. Менаџерот во Јунајтед реши да ме остави на клупата за еден меч, но после тоа тимот почна да победува и сега не сака да менува со поставата, – изјави Мегваер.