Меѓу навивачите на мексиканската фудбалска репрезентација присутни на Мундијалот во Русија се најде и фотографија во природна големина на навивач залепена на картонска кутија. Се работи за Хавиер кој доби забрана од дома да патува на СП.
На сината маица на картонот Хавиер пишува: „Мојата сопруга не ме пушти мене“.
Мексико на стартот на Мундијалот ја победи Германија со 1:0, а пријателите на Хавиер му ветиле дека картонот со неговиот лик ќе го носат со себе и на следните натпревари.