среда, 3. јануари 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Меси: Бразил и Франција главни фаворити на СП во Катар

Меси: Бразил и Франција главни фаворити на СП во Катар

Фудбалерот на ПСЖ и аргентинскиот репрезентативец Лионел Меси оцени дека Бразил и Франција имаат најголеми шанси за освојување на титулата на претстојното Светско првенство (СП) во Катар.

Кога зборуваме за фаворити, имаме големи тимови какви што се Бразил, Германија, Англија, Франција, Шпанија и сигурен сум дека уште некој заборавив. Ако морам да изберам една или две репрезентации, тогаш би рекол дека Бразил и Франција се двата најголеми кандидати за освојување на титулата, изјави Меси за Директ ТВ.

СП во Катар ќе се одржи од 20 ноември до 18 декември.

Аргентина е во групата Ц со Саудиска Арабија, Мексико и Полска.

Светската титула ја брани Франција, која ќе игра во групата Д.