вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Меси денес ќе дебитира за ПСЖ

Меси денес ќе дебитира за ПСЖ

Трансферот на Лионел Меси од Барселона во ПСЖ, по истекот на договорот со каталонскиот клуб крена огромна прашина.

Бидејќи Меси играше на Копа Америка и го освои трофејот, доби продолжен одмор, па сè уште се чека на деби за новиот клуб.

Откако веќе беше најавено од страна на Почетино, Аргентинецот за прв пат е вброен во протоколот за натпревар на ПСЖ.

Меси се најде меѓу повиканите играчи за гостувањето кај Ремс, а речиси сигурно ќе дебитира вечерва за „светците“.

Иако тоа нема да биде на „Паркот на принцовите“, како што навивачите посакуваа, сепак ги радува фактот дека ѕвездата конечно ќе заигра за нивниот миленик.