петок, 22. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Меси добитник на хуманитарна награда за мир и спорт

Меси добитник на хуманитарна награда за мир и спорт

Меѓународната хуманитарна организација „Peace & Sport“ (мир и спорт) го избра напаѓачот на Барселона, Лионел Меси, за личност на годината.

– При нашиот избор особено ја ценевме ангажираноста на Меси во работата на неговото здружение што поттикнува вклучување во образовниот процес и социјална инклузија на сиромашните деца ширум светот, а особено во Шпанија, Аргентина, Мозамбик, Палестина, Кенија, Сирија и Непал, наведе организацијата „Peace & Sport“.

– Почитта кон другите ја научив додека бев дете и тоа секогаш настојувам да го применувам на фудбалскиот терен, изјави Меси по повод наградата.

Организацијата „Peace & Sport“, исто така, додели награда и на Олимпискиот комитет на Косово.

Претходни добитници на наградата на „Peace & Sport“ се Сија Колиси, првиот црномурен капитен на јужноафриканскиот рагби тим, како и францускиот фудбалер Блез Матуиди. (МИА)