петок, 19. јануари 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Меси добива договор кој нема да може да го одбие

Меси добива договор кој нема да може да го одбие

Лионел Меси сакаше да се концентрира на Светското првенство во Катар и сите разговори за продолжување на кариерата ги одложи за деновите по тој турнир.

Со Аргентина таму го освои светскиот шампионат и се поблиску е моментот кога ќе донесе одлука дали ќе остане или ќе замине од Пари Сен Жермен. Marca вели дека парискиот клуб ќе му олесни со тоа што ќе му понуди договор „кој не може да се одбие“.

Парижаните сакаат да го продолжат договорот на својата ѕвезда, сигурно на дополнителна година, а можеби и на две.

Она што сè уште не е договорено е висината на платата што Меси треба да ја добива во тој период, но „во Париз тврдат дека тоа се пари што буквално е невозможно да се одбијат“, пишува Marca.

Токму за тоа во наредните недели ќе преговара таткото и агент на Аргентинецот, Хорхе Меси.

Се пишува дека Меси е задоволен од животот во Париз, како и од ситуацијата во клубот од кој му преостануваат околу 30 милиони евра плата по давачките. Ќе расте со новиот договор. ПСЖ сака Меси да се пензионира носејќи го неговиот дрес и е подготвен и способен да плати за тоа. Првата година на Меси во ПСЖ му донесе на клубот околу 700 милиони евра.

Аргентинската ѕвезда досега одигра 53 натпревари за ПСЖ. Тој постигна 23 и асистираше за 29 гола. Тој има договор до крајот на сезоната.