недела, 31. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Меси двоен стрелец втор натпревар по ред за Интер Мајами

Меси двоен стрелец втор натпревар по ред за Интер Мајами

Лионел Меси продолжува со ефикасните игри по трансферот во Америка. Аргентинецот ноќеска беше двоен стрелец за Интер Мајами во натпреварот од 1/16 финалето од Лига купот против Орландо Сити.

Интер Мајами победи со 3:1, а Меси погоди во 7, и 71. минута.

За 36-годишниот Меси ова е петти гол во три натпревари за американскиот тим. Тој е постигна два погодока на втор натпревар по ред. (МИА)