петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Меси е добитник на Златната топка, тврди семеен пријател на Аргентинецот

Меси е добитник на Златната топка, тврди семеен пријател на Аргентинецот

Светските медиуми, повикувајќи се на семеен пријател на Лионел Меси, пренесуваат денеска дека аргентинскиот фудбалер е избран за наградата „Златна топка“.

Според истите извори, семејниот пријател на аргентинскиот фудбалер Алесандро Досети, тврди дека Меси веќе добил известување оти ќе му биде врачена најпрестижната индивидуална награда во светот на фудбалот.

„На Лионел Меси вчера му беше речено дека е добитник на Златната топка 2023“, напиша Досети на социјалните мрежи.

Меси беше прогласен за најдобар фудбалер на Светското првенство во Катар на кое Аргентина во декември ја освои титулата.

Негов главен конкурент за престижната награда е напаѓачот на Манчестер сити и норвешки репрезентативец Ерлинг Халанд, кој со англискиот клуб минатата сезона освои тројна круна, триумфирајќи во Премиер лигата, Лигата на шампиони и ФА куп, а воедно беше и најдобар стрелец во англиското првенство со 36 голови.

Меси е рекордер со седум освоени Златни топки, пред Кристијано Роналдо со пет награди.