сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Меси го одбра идниот клуб: Се сели во Интер Мајами, пресудила желбата на сопругата!?

Меси го одбра идниот клуб: Се сели во Интер Мајами, пресудила желбата на сопругата!?

Лионел Меси својата кариера ќе ја продолжи во САД о редовите на Интер Мајами, клуб кој го преферирала неговата сопруга Антонела.

Ова е конечната одлука на Меси која се очекува да биде обелоденета во следните часови. Меси ја одбил, наводно, нереалната понуда од Саудиска Арабја каде му се нудеше милијарда евра за договор и ќе ја продолжи кариерата во САД.

Еден од сопствениците на Интер Мајами е Дејвид Бекам. Лео во овој клуб исто така ќе добие неверојатни цифри со основна плата од 50 милиони долари, но има и бројни бонуси кои ќе го направат еден од најплатените во светот. Според договорот, се очекува да добие и процентуална заработка од главните спонзори на МЛС лигата, Адидас и Епл.

Шпанските медиуми, тврдат, дека Меси оваа одлука ќе ја соопшти во следните часови. Саудиска Арабија испадна од игра, а Барселона се уште има некои мали шанси за да се промени одлуката, но тешко веројатно.