вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Меси испрати „убиствен поглед“ на своето деби како актер (Видео)

Меси испрати „убиствен поглед“ на своето деби како актер (Видео)

Лионел Меси имаше доста интензивни денови во Аргентина и учествуваше на два проштални натпревари во Росарио и Буенос Аирес, но враќањето во родната земја го искористил и за да дебитира на филмско платно.

Славниот Аргентинец ги оствари сите можни цели во својата кариера со освоениот мундијал во Катар, па откако реши да се пресели во МЛС лигата и да ужива во животот во Америка, интересно е тоа што филмското деби не му е во Холивуд.

Имено, Меси е дел од сцена на популарната шпанска серија „Los Protectores“, во која тројцата главни актери глумат елитни спортски менаџери.

Во петминутниот дел со Лео, тие му нудат проект во кој тој треба да ги поддржи младите Аргентинци кои настапуваат во Европа, но добиваат убиствен поглед откако бараат од него да направат и бизнис со фотографии и видеа.

На крајот, сцената завршува на убав начин, односо со здравица меѓу четворицата и насмевки за постигнатиот договор.