вторник, 5. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Меси јавно изјави дека Бензема ја заслужува Златната топка, па сега тој му одговори

Меси јавно изјави дека Бензема ја заслужува Златната топка, па сега тој му одговори

Францускиот напаѓач Карим Бензема зад себе ја има веројатно најдобрата сезона во кариерата.

Бензема оваа сезона брилјираше во дресот на Реал Мадрид и секако е еден од најзаслужните што овој клуб успеа да освои нов трофеј во Лигата на шампионите, но и да стане шампион на Шпанија.

Многумина мислеа дека Бензема воопшто не може да го надомести заминувањето на Кристијано Роналдо, но тој на сите им покажа колку погрешиле и докажа дека е неверојатен напаѓач.

Бензема минатата сезона одигра 46 натпревари за Реал Мадрид, постигна дури 44 гола и додаде 15 асистенции.

Затоа, многумина веруваат дека нема дилема дека Бензема на крајот на годината ќе биде прогласен за најдобар играч на светот и заслужено ќе ја освои Златната топка. Ова неодамна го изјави Лионел Меси и порача дека Бензема едноставно ја заслужува оваа награда.

Бензема ја коментираше изјавата на Меси и рече дека сето тоа само му дава дополнителна мотивација.

„Зборовите на Меси само уште повеќе ме мотивираат да работам уште подобро. Среќен сум поради таквите зборови од играч како Меси“, изјави Бензема.