четврток, 18. јануари 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Меси ќе го продолжи договорот со ПСЖ

Меси ќе го продолжи договорот со ПСЖ

Според шпанскиот весник Marca, одличниот Аргентинец сепак ќе го продолжи договорот со ПСЖ до 30 јуни 2024 година, а оваа зделка ќе ја прослави во Саудиска Арабија каде на 19 јануари ПСЖ на Меси ќе одигра пријателски натпревар против Ал-Наср на Роналдо.

Да потсетиме, 37-годишниот Роналдо пред неколку дена стана играч на Ал-Наср, прволигаш од Саудиска Арабија. Тој потпиша договор на две и пол години, а неговата годишна плата ќе биде околу 200 милиони евра, но во таа сума е вклучен и комерцијалниот дел од договорот.

Ова е највисоката плата во историјата на фудбалот, па Роналдо ќе заработи половина милијарда евра додека трае договорот.

Роналдо беше без клуб повеќе од еден месец откако на 22 ноември го раскина договорот со Манчестер Јунајтед со заедничка согласност. Таму целиот прв дел од сезоната беше во втор план, а потоа отворено се побуни против тренерот Ерик тен Хаг и управата на клубот.