петок, 19. јануари 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Меси ќе потпише нов договор со ПСЖ

Меси ќе потпише нов договор со ПСЖ

Лионел Меси останува во Пари Сен Жермен. Оваа вест вечерва ја потврдуваат сигурни извори во Франција, блиски до ПСЖ, а Меси ќе потпише за минимум една година, многу веројатно за две.

Наводно Меси ќе потпише нов договор 1+1 сезона, идентично како и кога пристигна од Барселона. Сепак, тоа е сосема доволно за парижаните. Светскиот шампион и најдобриот играч во историјата останува на „Паркот на принцовите“.

Меси многу сака уште еднаш да ја освои Лигата на шампионите по Светското првенство и смета дека има многу поголеми шанси тоа да го оствари како член на Пари Сен Жермен.