сабота, 9. март 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Меси на ПСЖ му донесе голема заработувачка

Меси на ПСЖ му донесе голема заработувачка

Аргентинскиот фудбалер Лионел Меси минатата година како слободен играч дојде во францускиот ПСЖ. Аргентинецот ја напушти Барселона и за првпат по 2000 година заигра за друг клуб.

Аргентинецот му помогна на ПСЖ и надвор од теренот, односно на финансиски план. Неговото доаѓање со себе донесе армија навивачи плус голем интерес за клубот од Париз. Се проценува дека на клубот му донел дополнителни 700 милиони евра заработка од комерцијални активности.

Марк Армстронг, директорот на ПСЖ, за шпанската „Марка“ повеќе зборуваше за влијанието на фудбалерот.

– Побарувачката е зголемена меѓу 30 и 40 проценти. Кога ќе се случи трансфер како овој, луѓето мислат дека се платени веднаш преку дресовите и тоа не е сосема точно. Не можете да направите многу дополнителни дресови. Договорот е направен за да се покрие некој минимум, што е многу важно, но не можете да ја исполните целата побарувачка за дрес на Меси – рече Армстронг.