петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Меси номиниран за најдобар дебитант во МЛС лигата

Меси номиниран за најдобар дебитант во МЛС лигата

Аргентинската фудбалска ѕвезда Лионел Меси е еден од тројцата финалисти за наградата за најдобар дебитант во МЛС лигата, иако одигра само шест натпревари за Интер Мајами.

Аргентинецот (36) со својот нов клуб го освои Лига купот, натпреварување во кое настапуваат американски и мексикански клубови, но во првенството не успеа да дојде до плејофот со екипата од Мајами.

Двајцата конкуренти на Меси за наградата се грчкиот напаѓач Јоргос Јакумакис од Атланта Јунајтед и германскиот играч за врска Едуард Ловен од Сент Луис Сити.

Меси не е меѓу номинираните за наградата за најкорисен играч во американската МЛС лига за која конкурираат Габонецот Денис Боуанга (Лос Анџелес), како и Аргентинците Лусијано Акоста (Синсинати) и Тијаго Алмада (Атланта Јунајтед). ег/сд

ФОТО: Х