Капитенот на фудбалската репрезентација на Аргентина, Лионел Меси, на денешното финале на Мундијалот во Катар стана рекордер со 26 натпревари на светските првенства.
Зад Меси останаа поранешните германски репрезентативци Лотар Матеус со 25 и Мирослав Клосе со 24 натпревари.
Следат Италијанецот Паоло Малдини, кој одигра 23 натпревари на светските првенства и Португалецот Кристијано Роналдо (22).