Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, Лионел Меси, реши да остане во Франција во Пари Сен Жермен до крајот на договорот, пренесува „Мундо Депортиво“.
Тоа значи дека аргентинската ѕвезда и следната сезона ќе го носи дресот на францускиот шампион. Меси ја има комплетната доверба од клупските челници, а без разлика на исходот од оваа сезона, тој и следната година ќе игра на „Паркот на принцовите“.
Меси конечно се адаптирал на новата средина, што е поддржано и од добриот однос со соиграчите како Нејмар, Ди Марија, Паредес и Верати.
Лео Меси ќе остане во Париз најмалку до летото 2023 година, а потоа најверојатно заедно со одличниот пријател Луис Суарез ќе замине во Мајами, во клубот на Дејвид Бекам во МЛС – лигата.