четврток, 2. мај 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Меси откри на кои тројца фудбалери на ПСЖ предвреме им кажал дека може да им стане соиграч

Меси откри на кои тројца фудбалери на ПСЖ предвреме им кажал дека може да им стане соиграч

Трансферот на Лионел Меси во ПСЖ е сензација на летниот преоден рок, Аргентинецот првпат во својата кариера ќе игра за друг клуб освен Барселона.

Меси откри дека кога ПСЖ тропнал на неговата врата и почнале преговорите, тој им кажал на Нејмар, Ди Марија и Паредес дека може да им стане соиграч.

„Кога татко ми ги почна преговорите со Леонардо, Нејмар веќе знаеше бидејќи јас му кажав за тоа, дека можеби ќе дојдам кај него во ПСЖ“, вели Меси.

„Исто така им кажав на Ди Марија и Паредес дека има можност да дојдам во Париз“.

„Продолжив да ги информирам нив тројца за секој чекор кој се случуваше, само за да бидат во тек дали доаѓам или не“.