среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Меси покажа колку е голем и како човек (ВИДЕО)

Меси покажа колку е голем и како човек (ВИДЕО)

Интер Мајами стигна до првиот трофеј во клупската историја откако синоќа беше освоен лига-купот на САД во финалето против Нешвил.

Нема сомнеж дека најзаслужен за пехарот е Лео Меси, кој го препороди клубот по доаѓањето од ПСЖ, но аргентинската суперѕвезда покрај фудбалските ги покажа и своите човечки квалитети.

Имено, веднаш по победата над Нешвил тој го најде ДеАндре Једлин, играчот кој ја носеше капитенската лента пред неговото доаѓање, му ја стави на раката и јасно му стави до знаење дека заедно треба да го кренат пехарот.

Једлин беше изненаден од ваквиот предлог на големиот ас и најпрвин го одби, но Меси не заборави, па при церемонијата за пехарот инсистираше да го однесе трофејот меѓу сите фудбалери, за заедно да го кренат.