Славниот аргентински фудбалер Лионел Меси зборуваше за успехот на Реал Мадрид оваа сезона во Лигата на шампионите и за емоциите по поразот од кралскиот клуб во осминафиналето на најелитното европско натпреварување.
Во нереалниот поход кон 14. трофеј во Лигата на шампионите, Реал Мадрид зад себе ги остави Пари Сен Жермен (шеснаесетфинале), Челзи (четвртфинале), Манчестер Сити (полуфинале) и Ливерпул (финале), иако по општо мислење се веруваше дека во сите овие дуели беше во подредена позиција.
Messi: "Against Real Madrid, if a strange play or a goal happens, it changes the game. I already knew it could happen [Real Madrid comeback] and it happened to us and to all the teams [Chelsea, City and Liverpool] and it's not the first time…" pic.twitter.com/EmJ8bPMsOU
— Barça Universal (@BarcaUniversal) May 30, 2022
Лео Меси памети голема тага по елиминацијата.
„Реал тогаш нѐ уби. Сите нас: јас, сите во соблекувалната, целиот наш тим. Го познавам Реал Мадрид затоа што играв против нив со години. И знаев дека такво нешто може да се случи. Нивниот гол од никаде целосно ја промени играта. Истото се случи и со другите тимови: Челзи, Манчестер Сити, Ливерпул. Не го намалувам успехот на Реал Мадрид, тие ја освоија Лигата на шампионите, но не беа најдобриот тим оваа година, а сепак освоија сѐ“, изјави Линоел Меси за „TyC Sports“.
Messi: “Champions League are not always won by strongest team. Real Madrid was not strongest. I've lived it all my life, I know what Real is, I know it could happen [comeback], that out of nowhere they score a goal for you and automatically change a game.” @TyCSports 🇦🇷 pic.twitter.com/SRpePRBFs5
— All About Argentina 🛎🇦🇷 (@AlbicelesteTalk) May 30, 2022
Меси оваа сезона одигра 34 натпревари за ПСЖ во сите натпреварувања, постигна 11 голови и забележа 14 асистенции.