вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Меси сака да остане во ПСЖ, но под еден услов

Меси сака да остане во ПСЖ, но под еден услов

Лионел Меси по крајот на сезоната станува слободен играч.

Шпекулациите за продолжување на кариерата ги преплавија медиумите кои го преселуваат во Саудиска Арабија, каде Ал Хилал му нуди 400 милиони евра за една година, во МЛС, од каде има покана од Дејвид Бекам и Интер Мајами, се зборува на неговото романтично враќање во Барселона, но постои и можност да остане во Пари Сен Жермен.

Заедно со оваа можност доаѓа и уцена за зголемување на платата, пишуваат француските медиуми. Меси оваа сезона постигна 15 гола и уште 15 пати им асистираше на соиграчите на 27 одиграни натпревари во францускиот шампионат, а со просечна оценка од 8,20 според SofaScore е најдобар играч во Лига 1.

Проблемите со продолжување на неговиот договор настанаа по Светското првенство во Катар, каде Меси и Аргентина го освоија златото, пишува Le Parisien.

Меси дојде во клубот со барање за зголемување на платата како услов за продолжување на соработката, а ПСЖ не се согласува на тоа, но е подготвен да го продолжи договорот под условите што ги има во моментов.

Меси заработува околу 40 милиони евра по сезона.

Исто така, Меси сака да знае како ќе изгледа тимот следната година и кој ќе го води наместо Кристоф Галтје.

ПСЖ наводно почнал да прави планови за следната сезона во кои не е вклучен 35-годишниот Аргентинец.