среда, 15. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Меси во ПСЖ останува до средината на 2024 година

Меси во ПСЖ останува до средината на 2024 година

Париз, 25 декември 2022 (МИА) – Најдобриот светски фудбалер Лионел Меси се договори со актуелниот француски првак ПСЖ за продолжување на договорот до лето 2024 година, пренесува британскиот сервис Би-Би-Си.

Актуелниот договор на Меси со ПСЖ истекува за шест месеци и постоеја шпекулации околу можно враќање на аргентинскиот фудбалер во Барселона, но по освојувањето на светската титула со Аргентина од тоа дефинитивно нема ништо.

Меси лани се пресели во редовите на ПСЖ, откако 21 година го носеше дресот на Барселона.

Во дресот на парискиот клуб одигра 53 натпревари на кои постигна 21 голови, а лани ја освои шампионската титула во Франција.