вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Меси во соблекувалната потонал во солзи од тага- светските медиуми со детали по поразот

Меси во соблекувалната потонал во солзи од тага- светските медиуми со детали по поразот

Лео Меси одигра еден од неговите најслаби натпревари за Барса. Генијот од Росарио беше беспомошен на „Енфилд“ и не успеа да му помогне на тимот да избегне пораз со 4 чисти гола, кој го одведе Ливерпул во финалето на ЛШ

Меси постигна два гола во првата средба на „Камп Ноу“, но потоа немаше аргумент пред мотивацијата и енергијата на противникот и неговите навивачи.

Според англискиот весник „Гардијан“, 5-кратниот освојувач на „Златната топка“ потонал во солзи од тага по поразот.

Тој самиот вети на навивачи на Барса дека трофејот од најпрестижниот фудбалски турнир оваа сезона ќе се врати на „Камп Ноу“. Но овој сон нема да се оствари оваа сезона.