Лионел Меси проговори за соборувањето на рекордот на Диего Марадона за натпревари за националниот тим.
Натпреварот одигран синоќа против Полска (2:0) беше 22-ри за напаѓачот на фудбалските Мундијали. Меси кој игра за ПСЖ го надмина Диего Марадона по бројот на настапи на Светските првенства и постави рекорд за Аргентинците.
-Неодамна дознав за тоа, не знаев. Убаво е да се постави таков рекорд. Мислам дека Диего би бил супер среќен за мене бидејќи секогаш се однесуваше кон мене со голема љубов. Секогаш беше среќен кога работите ми одеа добро, изјави Меси.
Аргентина во осминафиналето ќе се сретне со Австралија. (МИА)