Поранешниот германски репрезентативец Месут Озил преку социјалните мрежи потврди дека решил да замине во пензија, откако за такво нешто размислуваше уште на почетокот на февруари.
Озил стави крај на богатата кариера, откако последниот ангажман го имаше во Истанбул Башакшехир, а претходно играше за Арсенал, Реал Мадрид, Вердер, Фенербахче и Шалке.
„Сакам да им се заблагодарам на сите тимови, како и тренери кои ме поддржуваа. Специјална благодарност и до моето семејствои моите пријатели кои беа дел од моето патување од првиот ден. Сега со нетрпение го чекам тоа што е пред мене со мојата сопруга Амине“, вели Озил.
Thank you ❤️ pic.twitter.com/Aqr4pB5SI2
— Mesut Özil (@M10) March 22, 2023