среда, 13. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Мхитариjан: Јунајтед на Мурињо не игра убаво

Мхитариjан: Јунајтед на Мурињо не игра убаво

Фудбалерот на Арсенал, Хенрик Мхитариjан изјави дека стилот на игра на тимот од Лондон му се допаѓа повеќе отколку оној на Жозе Мурињо во Манчестер Јунајтед.

Ерменецот играше на „Олд Трафорд“ од 2016 година до почетокот на 2018 година.

– Арсенал секогаш игра напаѓачки фудбал. Под водство на Жозе во Манчестер Јунајтед игравме малку поинаку. Но, јас не обвинувам никого и не критикувам никого. Тоа е едноставно друга филозофија. Можам само да кажам дека тука сум посреќен отколку во Манчестер, изјави Мхитариjан.

МИА