Тренерот на италијанскиот фудбалски клуб Болоња, Синиша Михајловиќ вчера на прес-конференција беше запрашан за Џанлуиџи Донарума и неговиот кикс за ПСЖ против Реал Мадрид во Лигата на шампиони.
Неговата грешка им дозволи на „кралевите“ да направат пресврт и на крајот да победа.
„Не знам дали тоа беше прекршок над него од Бензема, тоа е некоја сива зона, односно се остава на проценка на судијата. Мислам дека вие медиумите од Италија и Франција бевте малку строги кон него. Го терате да пати за сè“, рече Михајловиќ, кој потоа истакна што го советувал голманот по завршувањето на минатата сезона.
„Разговарав со него и му реков да остане, но тој одбра да си замине. Да не беше Донарума, Италија можеби немаше да освои Европско првенство. Беше главен играч и е навистина добро момче“, додаде Михајловиќ.