недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Михајловиќ нов тренер на Спортинг

Михајловиќ нов тренер на Спортинг

Српскиот тренер Синиша Михајловиќ и официјално во следни три години ќе го предводи португалскиот клуб Спортинг од Лисабон.

Приоритет на Михајловиќ ќе биде да го стабилизира тимот кој се соочи со потреси во финишот на сезоната што измина кога фудбалерите беа нападнати од навивачите поради незадоволство од слаби резултати.

За „лавовите“ од Лисабон настапува и македонскиот репрезентативец Стефан Ристовски.

Михајловиќ претходно работеше во Торино, а беше тренер и на Милан, Сампдорија, Фиорентина, Катанија, Болоња. Има и едногодишно селекторско искуство во Србија.