четврток, 21. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Михајловиќ веќе не е тренер на Болоња

Михајловиќ веќе не е тренер на Болоња

Српскиот фудбалски стратег Синиша Михајловиќ денеска е сменет од должноста тренер на италијанскиот прволигаш Болоња поради слаби резултати.

Михајловиќ е првиот тренер кој е сменет во италијанската Серија А оваа сезона, откако Болоња во првите пет натпревари освои само три бодови.

Како кандидати за негов наследник на клупата на Болоња се Роберто Де Зерби, Клаудио Раниери и Тијаго Мота.

Михајловиќ ja почна својата самостојна тренерска кариера во Болоња во 2008 година, а во својот втор мандат во Болоња, и покрај лекувањето од леукемија, мина три сезони. (МИА)