четврток, 21. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Михајловиќ во нова борба за живот: Леукемијата се врати, еве што вели тој

Михајловиќ во нова борба за живот: Леукемијата се врати, еве што вели тој

Лоши вести објавија медиумите. Синиша Михајловиќ повторно има проблеми со леукемијата.

Фудбалската легенда, кој е тренер на Болоња пак ќе мора да минува низ процес на лечење и битка за живот поради опасната болест со која се бореше во минатите две години.

Потврдено е дека пак има леукемија, но популарниот Миха е оптимист како и секогаш. Најавено е дека ќе биде хоспитализиран на почетокот на идната седмица.

„Морам повторно да се борам со леукмијата. Болеста е очигледно храбра, кога одлучи да се врати“, успеа и да се пошегува Михајловиќ во овие тешки моменти за него.

На Михајловиќ му беше дијагностицирана леукемија во јули 2019 година кога и почна тешката битка со опасната болест.

Во август истата година веќе беше повторно на клупата на Болоња, иако беа видливи знаците на тешката болест.

По два месеци му беше трансплантирана коскена срж, а болницата ја напушти во ноември.

„Знам дека сум под надзор на одлични доктори и дека нема да потклекнам, како што тоа не го сторив и првиот пат. Најлесно е да се падне, да се откажеш, но јас сум борец и ќе најдам сили повторно да победам“, вели Михајловиќ.