недела, 17. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Михтаријан: Против Македонија ќе играме на победа

Михтаријан: Против Македонија ќе играме на победа

Фудбалската репрезентација на Ерменија е четвртиот противник на нашата фудбалска репрезентација во мундијалските квалификации. Со мечот в четврток нашата репрезентација ќе ја започне серијата натпревари овој септември.На прес-конференцијата за медиумите зборуваше првата ѕвезда на ерменската репрезентација, Хенрик Михтаријан.

„Не можам да кажам што ќе биде разликата во играта на Македонија без Горан Пандев. Тоа можеме да го коментираме по натпреварот. Сигурно дека ќе им недостигна на неговите колеги од репрезентацијата. Ние одигравме одлично на првите три меча. Против Македонија ќе играме на победа. Подготвени сме за мечот, ќе се обидеме да го дадеме максимумот. Мора да бидеме фокусирани“, рече играчот за врска и најдобриот фудбалер во моментот во Ерменската репрезентација.

Ерменците имаат три победи од исто толку натпревари и моментално се лидери во нашата група Ј.