Фудбалерот на Баерн Минхен, Томас Милер најави репрезентативна пензија по неуспехот на СП во Катар, но денеска изјави дека и понатаму му е на располагање на селекторот за националниот тим. Тој по завршување на настапите на Германија на Мундијалот, Милер најави дека се повлекува, меѓутоа, после месец и половина одлучи дека е рано за повлекување.
„Тогаш бев воден од емоции, тоа беше тажен момент. Размислив, разговарав со селекторот.Се додека сум професионален фудбалер, ќе бидам на располагање на репрезентацијата“, изјави Милер.
Тој со 33 години беше вториот највозрасен играч во германскиот тим на СП, зад 36-годишниот Мануел Ноер. Германија ќе биде домаќин на ЕП 2024.