Македонскиот селектор Благоја Милевски го одреди почетниот состав за вечерашниот полуфинален мундијалски бараж на гостински терен против Италија.
На голот е стандардниот Столе Димитриевски, а во одбраната се капитенот Стефан Ристовски, Висар Муслиу, Дарко Велкоски и Езѓан Алиоски.
Средниот ред го сочинуваат Адријан Адеми, Енис Барди и Бобан Николов, кој доби предност пред повратникот во репрезентацијата Давид Бабунски.
По страничните позиции ќе играат Александар Трајковски и Дарко Чурлинов, додека нападот ќе го предводи Милан Ристовски.
Италијанскиот селектор Роберто Манчини се одлучи за следните 11. фудбалери: Донарума – Флоренци, Манчини, Бастони, Емерсон – Бареља, Жоржињо, Верати – Берарди, Имобиле (капитен) и Инсиње.
Натпреварот започнува во 20:45 часот, а стадионот „Ренцо Барбера“ во Палермо со капацитет од 36.000 седишта е распродаден.