Селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија Боби Милевски им порача на фудбалерите дека од нив зависи кој ќе се избори за место во репрезентацијата преку своите клубови за во иднина според натпреварувачката форма, а сите го задоволиле од повиканите за 17-те заеднички денови во овој период.
„Жалам и јас и фудбалерите што загубивме еден таков меч со Грузија, зашто ги одигравме тие 50-60 минути, можеби според мене и најдобрите, но загубивме како што загубивме. Ќе видиме што ќе се случува во септември. Јас на овием момци можам само да им се заблагодарам, покажаа пристап кој е за секоја пофалба, зашто за овој тим нема разлика со кој игра и кон сите има максимален респект, ама на терен нема кон никој. И им честитам за пристапот и желбата за успех. Им благодарам на сите кои беа дел од овој камп што одвоија 17 дена од одморот кој им припаѓа за да се стават во функција на репрезентацијата и им благодарам за се што покажаа“, рече Милевски.
Осум фудбалери дебитираа за Македонија во овој јунски циклус – Давид Бабунски (Бугарија), Дејан Илиев, Тодор Тодоровски, Никола Серафимов (Гибралтар на гости) и Енис Фазлагиќ, Валон Етеми, Томче Гроздановски и Бојан Димовски (Гигралтар денеска)
„Сите што беа дел од овој камп покажаа дека имаат потенцијал и квалитет да бидат конкурентни, а сега од нив зависи колку ќе се наметнат во своите клубови за да бидат дел од овој тим. Мене сите ме направија задоволен од пристапот и од односот кон дресот“, додаде Милевски.