Селекторот на македонската А репрезентација, Благоја Милевски на официјална прес-конференција говореше за очекувањата од утрешниот натпревар против Азербејџан на Националната арена „Тодор Проески“.
-Ние на секој натпревар играме да победиме, нема да биде поразлично и утре. Секогаш играме на победа, се надевам така ќе биде и против Азербејџан. Знам дека Азебејџан добро не скаутирал, но се надевам дека нашиот квалитет ќе излезе на површина иќе стигнеме до победа. Јас инсистирав на вакви противници, различни и квалитетни, Финска е топ репрезентација, Азербејџан игра навидум поразличен фудбал, но нивните последните натпревари го потврдуваат нивниот квалитет, очигледно е дека селекторот добро си ја работи работата. Имаат одлични индивидуалци и се агресивни. Ние имаме квалитет, слабостите ги анализиравме од мечот со Финска, мислам дека се тоа моменти на деконцентрација и ќе направиме се да ги поправиме грешките, кои не смееме да ги имаме на официјалните мечеви следната година со оглед на квалитетот на противниците, изјави селекторот Милевски, пренесе Спорт М.