Македонскиот фудбалски селектор Благоја Милевски после денешната победа над Гибралтар со 2-0 за прва победа и четири бода по два од четирите меча во Лигата на нации, посочи дека само победата е најважна.
„Кога ќе играте во вакви услови резултатот е најважен, сѐ друго е во втор план. Јас можам само да им честитам на фудбалерите за залагањето и за желбата за победа на ова гостување. Одиме понатаму, сега нѐ чека Грузија. И пред стартот на овој циклус реков дека ќе има ротации за да се зачуваат силите за овие четири меча. Сите го дадоа максимумот и на вакви мечеви најважни се победите. Илиев доби шанса зашто брани за клуб кој игра на вештачка трева, а и да го одмориме Столе Димитриевски, Серафимов и Тодоровски покажаа дека може да се смета на нив и во иднина“, рече Милевски