Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Благоја Милевски, ги одреди 11-мината со кои ќе го започне дуелот со Романија.
Во почетниот состав на „црвено-жолтите“ нема промена од средбата со исланд пред три дена.
На голот ќе биде Столе Димитриевски, стопери се Висар Муслиу и Дарко Велковски, на страничните линии во одбрната ќе бидат Езѓан Алиоски и Стефан Ристовси, во средниот ред ќе се најдат Тихомир Костадинов, Стефан Спировски, Енис Барди и Елиф Елмас, нешто понапред ќе биде Дарко Чурлинов и како „најистурен“ во нападот Милан Ристовски.
Натпреварот е во рамките на 6. коло од Ј-групата во квалификациите за Светското првенство 2022 година во Катар.