сабота, 25. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Милевски: Се што е минато е историја, наредниот меч е најважен

Милевски: Се што е минато е историја, наредниот меч е најважен

Македонија утре вечер со почеток во 20:45 часот на домашен терен ја пречекува селекцијата на Грузија која по две кола од новиот циклус во Лигата на нации има максимални шест бодови. Прво победа против Гибралтар, а потоа против Бугарија, па утрешната пресметка е практично е директна битка за првото место во групата.

Селекторот Милевски вели дека утрешниот исход зависи исклучиво од нашата игра.

-Од Македонија ќе зависи конечниот исход. Се што е поминато за нас е историја. Секој нареден меч е најважен, вели Милевски.

– Го гледав натпреварот на Грузија со Бугарија. Се работи за одличен тим со одлични индивидуалци кои одиграа одлично против Бугарија, но секој меч е приказна за себе. Тој натпревар во Грузија (победата на Македонија за пласман на Евро 2020 н.з.) нема никаква конекција со овој сега, и не би се навраќал на тоа. Има разлика од тогаш, имаат нов селектор и нова филозофија на игра. Начинот на кој играат е различен и не гледам некоја поврзаност и сличност.  Квалитетот како поединечен, така и на тимот е голем. Ако им дозволиме, може да не нападнат. На утрешниот меч ќе се прашува и Македонија за крајниот исход. Индивидуалците се важни, но на крај ова е тимска игра и на крајот тимот победува или губи – изјави Милевски на прес-конференцијата.