четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Милевски: Стојам зад репрезентацијата и фудбалерите и имам мотив и енергија да работиме квалитетно, максимално и професионално

Милевски:  Стојам зад репрезентацијата и фудбалерите и имам мотив и енергија да работиме квалитетно, максимално и професионално

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Благоја Милевски верува дека промените кои се случуваат во селекцијата ќе се одразат позитивно на резултатите во квалификациите.

„Започнуваме нов репрезентативен предизвик и се радувам на собирот и деновите кои ни следуваат. Подготовките се кратки и мора да ги искористиме максимално. Ја знаеме нашата цел, знаеме со што располагаме и одиме да го потврдиме квалитетот”, вели Милевски.
„Некои промени се неизбежни, но не стравувам. Напротив, јас стојам зад репрезентацијата и фудбалерите и имам мотив и енергија да работиме квалитетно, максимално професионални и да бидеме конкурентни. Јас сум селектор и притисокот е врз мене. Фудбалерите мора да продолжат да веруваат во себе и во својот квалитет. Нашата заедничка цел е борба до крај во тековните квалификации, создавање група во која тимот, а не индивидуалци ќе биде најбитен и крајно да направиме се за да бидеме конкурентни за настап на следното Европско првенство”. 
 
„Резултатот е секогаш важен. Затоа во пресрет на подготовките за натпреварот со Ерменија велам дека сакаме победа бидејќи тој резултат ќе ни донесе дополнителна самодоверба”. 
 
„Сите го сакаме најдоброто и ќе се обидеме така и да изгледаме да натпреварите кои ни следуваат. Го познавам тимот, знам дека имаме амбициозни и талентирани фудбалери, но и играчи со квалитет и искуство кои сеуште се гладни за нов, голем резултат. Освен тоа, имаме неколкумина репрезентативци кои влегуваат во најдобрите фудбалски години од своите кариери, а нивниот пристап ми говори дека македонската репрезентација ќе биде во одлични раце по повлекувањето на неколкумина фудбалери”.
 
„Го сакаме предизвикот и сакаме да покажеме дека заслужуваме да бидеме меѓу најдобрите. Се надевам дека сите ќе бидеме здрави и подготвени за тоа”. – заврши во своето обраќање новиот селектор на националниот тим.