„Треба да сме сите горди на овие наши момци кои сиот овој период ни покажаа дека имаат сериозен потенцијал да се доближиме до самиот европски и светски врв“ – порача селекторот Благоја Милевски.
-Може да бидам горд и на денешното одиграно на нашите момци кои со кренати глави може да го завршат овој циклус за пласман на СП 2022, изјави Милевски.
-По одиграното против Италија бевме исцрпени, знаев дека физички не можеме да се носиме, физички исто така и свесно сакавме да ги оддалечиме од нашиот гол. Жалам што примивме голови кога бевме доминантни во играта. Пепе и тоа како е важен дел од играта на португалската репрезентација, еден вид икона. Грешките се составен дел од играта, но и по таа грешка не отстапивме од организираноста на тимот. Мислам дека бевме достоен ривал и вакви натпревари како во Порто и Палермо можат да ни помогнат да се доближиме до врвот, посочи Милевски.