четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Милевски ужива доверба и кај навивачите: Заслужува, тој ја формираше оваа репрезентација

Милевски ужива доверба и кај навивачите: Заслужува, тој ја формираше оваа репрезентација

Вистински избор, голем познавач на фудбалот, одлично решение, заслужено. Ова се само дел од коментарите на социјалните мрежи откако во јавноста се појавија информации дека Боби Милевски најверојатно ќе ја пишува новата историја како селектор на македонската сениорска фудбалска репрезентација.

Откако Македонија го заврши последниот натпревар на деби настапот на Европското првенство, а селекторот Игор Ангеловски објави дека се одјавува од репрезентацијата, медиумите почнаа да пишуваат дека А тимот ќе го предводи Милевски.

Засега нема официјална потврда ниту од Милевски, ниту од ФФМ, но кај јавноста тој ужива голема доверба. Многумина сметаат дека тој е одлично решение не само поради неговата стручност и подготвеност, туку и поради фактот дека голем дел од репрезентативците кои сега се дел од А тимот, ги предводеше токму тој на Европското првенство до 21 година кое во 2017 година се одржа во Полска.