Фудбалска федерација на Англија (ФА) нема да го казни фудбалерот на Арсенал, Шкодран Мустафи, откако првиот гол во сезоната го прослави покажувајќи симбол на орел со рацете.
Мустафи е германски државјанин со албанско потекло од Гостивар, а постигна гол со глава по изведувањето на корнер од страна на неговиот соиграч Гранит Џака на натпреварот против Кардиф.
Иако ФА строго забранува употреба на политички симболи, сепак во овој случај против 26-годишниот германскиот репрезентативец нема да покрене дисциплинска постапка.