среда, 3. јануари 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Минов: Бугарите биле фашистички окупатор во Втората светска војна, дали треба да ја жртвуваме вистината за некакво ветување

Минов: Бугарите биле фашистички окупатор во Втората светска војна, дали треба да ја жртвуваме вистината за некакво ветување

Бугарите секако дека биле окупатори во втората светска војна. Имаме бугарска војска на меѓународно признаена држава која што не е Бугарија, бугарска војска која ја преземала власта на таа територија. Секако дека се работи за класична окупација, рече професорот на Институтот за историја, Никола Минов во „Студио 10“ на ТВ24.

Тој истакна дека смешно е кога некој бара еуфемизам за окупатор дека не бил окупатор, па ќе каже дека бил администратор.

– Целиот термин бугарски фашистички окупатор е проблематизиран, но не можам да разберам зошто, што им пречи на Бугарите. Ако им пречи терминот бугарски, значи не им пречи терминот фашистички окупатор, а зошто им пречи етничкиот предзнак? Ако им смета фашистички, без разлика дали била официјално признаена како фашистичка земја имало толку силни елементи за фашизам во Бугарија и недвосмислено укажува дека се работи за фашистичка држава во тој период, изјави Минов.

Според него ако политичарите решат да сменат, тоа ќе биде на штета на вистината. Да ја жртвуваме вистината за некаков европски потенцијал кој не знам колку ќе биде остварен.

– Дали ние сме спремни за ја жртвуваме вистината за некакво ветување?, прашува тој.

Минов нагласи дека кога се кажува фашистички не се мисли на целиот бугарски народ туку за тогашната тогаш владејачка структура во Бугарија.

– Тоа е нешто што светската наука го констатирала, нешто што самата бугарска наука го констатирала по втората светска војна, бугарските историчари пишуваат за монархофашистички режим на Цар Борис. Тие самите тоа го констатирале, целата светска наука тоа го констатирала и сега ние од нигде никаде сме поставени во ситуација да докажеме дека тоа е така. Поставени сме во ситуација да докажуваме дека небото е сино, рече Минов.