сабота, 25. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Миовски: Ако сакаш да одиш на ЕП мора да победиш големи репрезентации

Миовски: Ако сакаш да одиш на ЕП мора да победиш големи репрезентации

Македонија ја совлада Малта со 0-2 во квалификацискиот натпревар одигран на гостински терен, и дојде до вториот триумф во групата за пласман на ЕП 2024 година.

Напаѓачот на „црвено-жолтите“ Бојан Миовски по победата вели дека за да одиш на едно големо натпреварување мора да победиш големи репрезентации.

„Секогаш е одлично кога многу брзо ќе го отвориш натпреварот со погодок против репрезентации како што е Малта. Потоа следеше уште еден погодок за 0-2 пред полувремето. Знаеме дека 2-0 е најнезгоден резултат на полувреме, па затоа нашиот пристап беше сериозен и во вториот дел. Во глобала сум задоволен од резултатот и трите бода. Секогаш е тешко да се играат многу натпревари во краток период, но имаме одличен медицински тим кои не подготвуваат за секој меч. Имаме исто бодови со Италија и Украина, но ако сакаме да одиме на ЕВРО мораме да победиме големи репрезентации. Затоа ние треба тоа да го докажеме и заслужено да одиме на Европско првенство“, изјави Миовски.