вторник, 16. јануари 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Миовски: Да се постигне гол за националниот тим е најубавото чувство

Миовски: Да се постигне гол за националниот тим е најубавото чувство

Гол во репрезентативниот дрес постигна и Бојан Миовски, кој потоа додаде уште еден за да помогне за поубедлива победа во денешниот меч во Скопје.

Миовски изјави дека е пресреќен поради двата гола против Гибралтар, но поважно му е тоа што Македонија успеа да слави и остана во игра за првото место во групата.

„Го почнавме добро дуелот и дадовме гол во третата минута, по што сè беше лесно за нас. Постигнавме четири гола за 30 минути, а во второто полувреме се случија повеќе измени и падна нашата игра. Да се постигне гол за националниот тим е најубавото чувство кое може да го почуствува некој фудбалер. Среќен сум што дадов два гола, но повеќе сум среќен за победата. Додека има математички шанси, веруваме и ќе дадеме сè од себе против Бугарија и Грузија“, кажа Миовски.