Македонските фудбалери не беа воопшто во подредена улога против актуелниот европски првак и сосема заслужено стигнаа до еден бод, а истото мислење го делеше и Бојан Миовски.
„Добро го отворивме мечот, до мојата шанса. Се случи да промашам, ама останавме сконцентрирани. Во второто полувреме креиравме повеќе ситуации за гол и ете дојдовме до еден од слободен удар. Сметам дека во второто полувреме ги надигравме, мислам дека го заслуживме овој бод. Одиме во Малта на три бода. Сè освен победа таму би била неуспех, а со неа остануваме во игра за првите две позиции. Чувствував жар во очите на сите, мотивација да докажеме дека вредиме. Во претходните години ги победивме Германија и Италија, а потоа загубивме 7-0 од Англија“, изјави Миовски