Фудбалската репрезентација на Македонија тренираше на терените крај ФФМ, по неочекуваниот пораз од Грузија (0-3).
Своето мислење за поразот, како и мала анализа на противникот направи напаѓачот Бојан Миовски. Според него, против Гибралтарците треба да се залечат раните од вчерашниот дуел.
„Нема лесни противници. Знаеме дека Гибралтар одигра 1-1 против Бугарија, а тоа докажува дека се солидна селекција. Треба да дадеме максимум и пристапот да ни биде ист, а така сметам дека ќе победиме убедливо. Разочарани сме по поразот од Грузија. Неверојатно и неочекувано за нас беше да загубиш дома со 0-3. Во првиот дел доминиравме, ако дадевме први гол ќе беше сосема друг натпревар. Откако први примивме гол, а потоа се одеше во лоша линија. Од овој пораз мора да извлечеме поука, да ги анализираме грешките и да ги залечиме раните против Гибралтар“, изјави Миовски.