сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Миовски: Среќен сум за добрата форма, само преку минутажа во клубовите може да се наметнеме во репрезентацијата

Миовски: Среќен сум за добрата форма, само преку минутажа во клубовите може да се наметнеме во репрезентацијата

Човек на одлука со својот гол во финишот од натпреварот беше напаѓачот кој го носи дресот на Абердин, Бојан Миовски. Миовски е среќен што добрата форма од Абердин успеа да ја пренесе и во националниот тим.

„Среќен сум за придонесот во репрезентацијата и тоа што формата и головите ја пренесов во националниот тим со асистенција со Малта и денеска со гол против Фарски Острови. Против Малта беше важно да ги освоиме трите бода и со победа  да ги започнеме квалификациите за Европското првенство. Денеска беше одличен тест и за дебитантите и сите ние да се наметнеме за јунските натпревари. Во репрезентаијата можеме да се наметнеме само преку минутажа во клубовите и само со тимска игра можеме да очекуваме успех не само во квалификациите, туку и на секој натпревар“, вели Миовски.

Фудбалерите сега се враќаат во своите клубови до новиот циклус квалификациски натпревари кој е на програмата во јуни.