Македонскиот фудбалски репрезентативец, Бојан Миовски по подолга пауза беше стрелец за МТК Будумпешта и тоа во големата победа над шампионот Ференцварош.
МТК направи изненадување и како гостин славеше со 3-0, резултат кој го остава клубот во игра за опстанок во првата унгарска лига. Миовски влезе во игра во 58 минута, а својот гол го даде во 84минута кога зголеми на 2-0.
Ова за Бојан е прв лигашки погодок по 18 декември кога го матираше Пакс. Во победничкиот тим последните 20 минути ги одигра и вториот Македонец, Стефан Спировски.